Линкови за пристапност

Вирус на големи сипаници најден во магацин близу Вашингтoн


Примероците се од пред 30 години и се прават тестови да се утврди дали вирусот е се` уште жив

Шест ампули на потенцијално смртоносен вирус на големи сипаници биле откриени во складиште на федерален истражувачки центар близу Вашингтон.

Американски здравствени претставници во вторник кажаа дека работниците кои чистеле стара лабораторија ги нашле ампулите минатата недела. Примероците датираат од 1950-те.

Центрите за контрола и превенција на болести кажаа дека нема индикации дека некој бил изложен на големи сипаници, и дека не бил најден ризик заработниците или за јавноста.

Ампулите биле однесени во лабораторија во Атланта каде биле тестирани и каде е потврдено дека содржеле големи сипаници. Ќе бидат направени дополнителни тестови да се утврди дали примероците се живи, по што ќе бидат уништени.

Големите сипаници биле искоренети во светот во 1977, но примероци на патогенот се чуваат во објектот на Центрите за контрола и превенција на болести во Атланта и во Државниот истражувачки центар за вирологија и биотехнологија во Новосибирск, Русија.

Двата објекта се под мониторинг на Светската здравствена организација.

XS
SM
MD
LG