Линкови за пристапност

Се формира мало езеро на Северниот пол


Годинава температурите се повисоки од нормалната за 1 до 3 степени Целизиусови.

Интернет-камерите што ги постави Еколошката опсерваторија на Северниот пол дадоа несекојдневни прикази од врвот на светот.

На фотографиите направени месецов може да се забележи формирање на мало езеро. Од Опсерваторијата велат дека и покрај топењето, и натаму има мраз под езерото.

​Јули е најтоплиот месец на Арктикот, но годинава температурите се повисоки од нормалната за 1 до 3 степени Целизиусови.

Фотографии од Северниот пол направени на 30-ти април и 26-ти јули 2013-та
Фотографии од Северниот пол направени на 30-ти април и 26-ти јули 2013-та
Поларната покривка од мраз се собира и шири секоја година, но дефинитивно се намалува од 1970-те, кога започна нејзиното следење преку сателити.

Еколошката опсерваторија на Северниот пол ја следи состојбата на мразот уште од 2000-та.
XS
SM
MD
LG