Линкови за пристапност

Како дома


Малите бизниси во САД: семејни ресторани
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:36 0:00
Direct link

Малите бизниси во САД: семејни ресторани

Од серијата за малите бизниси во САД: семејните ресторани алтернатива на синџирите за брза храна

Во бизнисот со ресторани во САД владее огромна конкуренција, а најголемиот дел Американци одбираат да јадат во познатите марки, синџири на ресторани. Оттука и прашањето како малите, семејни ресторани успеваат да се одржат? Одговорот го побаравме во предградие на Вашингтон.

Уште еден ден полн со гости во семејниот грчки ресторан Примо, популарно место во Александрија, сојузната држава Вирџинија, веќе 25 години.

Редовниот гостин Си Еј Савој објаснува зошто го препочита ова место: „Се` на менито е како од домашна кујна, свежо и вкусно“.

„Меѓу муштериите и колегите владее пријателска атмосфера. Ова е како втор дом“, додава Тина Митракас работи тука уште од отворањето.

Токму затоа Лин Сепл го довела синот во ресторанот да го прослави роденденот.

„Првпат го донесовме дојде тука кога имаше само шест дена. Доаѓаме еднаш неделно. Сега полни 10 години“, вели Сепл.

Џим Никопулос, сопственикот на ресторанот, најчесто ќе го затекнете – во разговор со гостите.

„Сакам интеракција. Дознавам многу за гостите, за нивните очекувања“, раскажува сопственикот.

Го купил Примо пред пет години. Ова е вистински семеен бизнис: од сликите на ѕидот што ја раскажуваат приказната за доселувањето во САД, преку свекорот на Џим, кој ги пречекува гостите, па се` до кујната, каде работи братучедот Спиро.

Покрај храната и пријателското расположение, Џим вели дека Примо има уште една предност во споредба со синџирите на ресторани: „Тие ја купуваат храната од големите индустрии и дистрибутери. Ние - од локалните снабдувачи“.

Филозофијата на Џим е дека во соседството има простор и за големите ресторани, но и за малите, семејни, како неговиот.
XS
SM
MD
LG