Словачкиот претседател, Андреј Киска, повика на значителни промени во Владата или одржување на предвремени избори, по убиството на новинарот и неговата свршеница.
Јан Куциак и неговата девојка, Мартина Куснирова, минатата недела беа пронајдени мртви во нивниот дом источно од Братислава. Истражителите велат дека смртта на Куциак е „најверојатно“ поврзана со неговото известување.
Киска рече дека ќе продолжи со разговорите со раководството за тоа како да се обнови довербата кај граѓаните на Словачка, кои беа шокирани од најновите настани и кај кои постои загриженост за слободата на медиумите и корупцијата.
Илјадници лица излегоа на протестите против корупцијата и на собирите по убиството на Куциак.
Во написот на Куциак што неговата организација го објави по инцидентот, се опишува наводната врска помеѓу осомничен член на италијанска криминална организација и двајца виши соработници на премиерот Роберт Фико, политичкиот ривал на Киска.
Facebook Forum