Линкови за пристапност

Слични ставови на Бајден и Трамп за една тема - остри тарифи кон Кина


Остриот став кон Кина е еден од ретките за кои се согласуваат и демократите и републиканците, вклучувајќи го и претседателот Џо Бајден.
Остриот став кон Кина е еден од ретките за кои се согласуваат и демократите и републиканците, вклучувајќи го и претседателот Џо Бајден.

Претседателот Џо Бајден драстично ги зголеми тарифите за кинеските електрични возила, производите од челик и алуминиум и полупроводниците. Овој потег следи по прегледот на неговата администрација на трговската политика на поранешниот претседател Доналд Трамп кон Кина. Известува Патси Видакусвара. .

Остриот став кон Кина е еден од ретките за кои се согласуваат и демократите и републиканците, вклучувајќи го и претседателот Џо Бајден.

„Со години кинеската влада вложува државни пари во кинески компании во индустриите како за производство на челик и алуминиум, полупроводници, електрични возила, соларни панели – индустрии на иднината“, рече Бајден, исто и неговиот претходник, поранешниот претседател Доналд Трамп.

Тарифната политика на Бајден и Трамп кон Кина речиси идентична 
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:01 0:00

„Кина моментално нѝ го јаде лебот. И тие го напуштија тоа што јас го правев. Тие нѝ го јадат лебот“, вели Трамп.

Кина моментално нѝ го јаде лебот
Доналд Трамп

И Бајден и Трамп велат дека сакаат да ја казнат Кина за трговски практики што ги прекршуваат меѓународните правила.

Бајден четирикратно ги зголеми тарифите за кинеските електрични возила на 100 отсто, тројно ги зголеми давачките за некои производи од челик и алуминиум на 25 отсто и двојно ја зголеми стапката на полупроводниците на 50 отсто.

„Ќе се спротивставиме на прекумерниот капацитет на Кина во овие индустрии. Правиме големи инвестиции во чист американски челик и алуминиум“, вели Бајден.

Бајден го направи овој потег откако ја разгледа тарифната политика на Трамп. Тој, пак, прокоментира дека тоа е „премалку“ и „предоцна“.

Ќе се спротивставиме на прекумерниот капацитет на Кина
Џо Бајден

„Тоа требаше да го направие одамна. Но, тие тоа треба да го направат и на други возила. Мора тоа да го направат и на многу други производи“, рече Трамп.

Пред изборите во ноември и Бајден и Трамп сакаат да истакнат дека нивните политики кон Пекинг ќе бидат од корист за американските работници.

Широките царини за кинескиот увоз од морска храна до електроника за широка потрошувачка прв ги воведе Трамп. Бајден задржа некои од нив, таргетирајќи клучни сектори како чиста енергија. Ова е во согласност со неговиот план да го зголеми производството на домашни електрични возила и други технологии наменети за борба против климатските промени и за доминација во високотехнолошките производствени индустрии.

Друга клучна разлика е што Бајден ги усогласува своите напори со сојузниците, вклучително и Г-7, Групата седум водечки индустриски земји.

„Администрацијата на Трамп беше доста подготвена да користи тарифи за да постигне подобри зделки. Тие беа помалку подготвени да инвестираат дома, да се обидат да создадат алтернативни синџири на снабдување. И тие веројатно беа уште помалку подготвени да работат со сојузниците за да се обидат да ги изградат тие синџири на снабдување“, вели Рашел Земба, од Центарот на нова американска безбедност.

Трамп вели дека неговиот поширок и поголем тарифен пристап од милијарди долари е подобар, додека Бајден вели дека неговиот е поефикасен.

Во секој случај, Пекинг се залага за одмазда, а американските гласачи ќе го покажат својот избор во ноември.

XS
SM
MD
LG