Линкови за пристапност

Ќе се гради гасовод на Водно, но, потесен


Ќе се гради гасовод на водно
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:43 0:00

Донесена е одлука за измена на проектната документација, спред која трасата по која ќе минува гасоводот ќе се стесни за 15 метри од првично планираното

Владата делумно попушти под притисокот на јавноста, невладините и организациите за заштита на животната средина за прашањето за изградба на гасовод преку парк-шумата Водно.

Донесена е одлука за измена на проектната документација, односно трасата по која ќе минува гасоводот ќе се стесни за 15 метри од првично планираното.

„Со новиот предлог, опфатот на интервенции врз дрвната маса се намалува од 3.000 кубни метри на 1.400 кубни метри. Трасата се намалува од 25 на 10 метри ширина и се намалуваат деловите каде има густа дрвна маса“, вели Горан Сугаревски, министер за транспорт и врски.

Скопскиот градоначалник уверува дека се обезбедени пари од Владата за дополнително пошумување на Водно, со што би се надоместила дрвна маса загубена во градбата на гасоводот.

„Скопје и неговата животна средина не се изолиран остров од остатокот на Македонија. Затоа, немаме право да ја стопираме гасификацијата на останатите градови во Македонија. Изгрдабата на гасоводот преку Водно е за доброто на сите. Скопје не смее и нема да биде жртва на овој процес“, изјави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Надлежните за животна средина ја уверуваат јавноста дека гасоводот иако ќе значи уништување на дрвја, според искуствата од други земји, ќе донесе сериозно намалување на аерозагадувањето.

Екодруштвата и граѓанските иницијативи бараат целосна промена на трасата на гасоводот - тој воопшто да не поминува низ Водно, заради неговото значење за Скопје.

Досега беа одржани бројни собири на местата каде веќе е почната градбата. Објаснувањето на надлежните е дека е речиси невозможно во оваа фаза да се врши промена на трасата, а тоа според нив, би донело плус трошоци од 20 милиони евра, како и оддолжување на целиот процес за пет години.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG