Линкови за пристапност

Останува ситуацијата на загриженост во годишниот извештај нa „Амнести Интернешнл“


Годишен извештај нa „Амнести Интернешнл“
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:29 0:00

Во документот се нотира дека се’ уште опстојува дискриминација на база на етничка припадност, религија, пол и сексуална ориентација

И покрај спроведувањето на реформите одредени од Европската комисија, останува ситуацијата на загриженост за неказнивоста, говорот на омраза, дискриминацијата врз жените, Ромите и припадниците на ЛГБТ заедницата – е заклучокот за Северна Македонија во годишниот извештај нa „Амнести Интернешнл“.

Во документот се нотира дека се’ уште опстојува дискриминација на база на етничка припадност, религија, пол и сексуална ориентација и таа била дополнително засилена во периодот на пандемија. Во делот на правата на ЛГБТ заедницата извештајот забележува дека има законска рамка, но и недоволна независност на комисијата за антидискриминација.

„Вработувачите не успеаја да ги имплменетираат ковид-19 мерките со цел да им помогнат на родителите кои работат, диспропорционално погодувајќи ги жените, од кои дел, незаконски, добија помали плати. Во текстилната индустрија жените-работнички добиваат закани за откази и необновување на договорите за вработување“, се заклучува во извештајот.

За ситуацијата со Ромите документот вели дека оваа заедница била дискриминирана во пристапот до финансиски средства поврзани со ковид-19.

„Наместо поддршка од владата, семејствата од ранливите категории повремено добиваа хуманитарни пакети од невладини организации“ – стои во репортот.

Наодите на „Амнести Интернешнл“ за состојбите во Северна Македонија доаѓаат во пресрет на утрешниот Светски ден на Ромите... Владата денеска најавува подобрување на ситуацијата во Ромската заедница.

„Имаме политичко преставување на Ромите во Владата, во мојот кабинет, во Парламентот, во институциите. Политичкото преставување на Ромите и пропорционалната застапеност треба да продолжи да се рефлектира и во останатите ешалони на централната и локалната власт. Во тек се активности околу обезбедување на типски куќи во сопственост на општината, а наменети за социјално домување на 20 семејства во Кочани. На сите овие семејства ќе им се обезбеди тим од теренски социјални работници кои што заедно со лица од Агенцијата за вработување ќе работат на интегративни индивидуални планови за активација на пазар на труд, социјална заштита и образование“, рече премиерот Зоран Заев.

Глобалниот извештај на „Амнести Интернешнл“ опфати 149 држави.

Организацијата која се занимава со степениот на човекови права за 2020-та година заклучи дека била кризна година која го потресе светот, која ги заостри нееднаквостите, но и која дава можност на политичарите и лидерите, преку меѓунардона соработка, да изградат поправедна иднина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG