Линкови за пристапност

Една третина од загадувањето на воздухот е поради несоодветно греење


Скопје меѓу најзагадените градови во Европа
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:28 0:00

Скопје и годинава еден од најзагадените градови во Европа, покажуваат податоците

Детската игра на отворено во Скопје, барем во изминатите денови, не е препорачлива активност. Главниот град на Македонија и оваа зима е меѓу најзагадените во Европа.

Ова се денешни податоци кои покажуваат концентрација на штетни ПМ-честички во некои скопски општини двапати над дозволениот максимум.

Еколошките здруженија се гласни, социјалните мрежи „вријат“ - се бара конкретна акција од градските власти, кои ја уверуваат јавноста дека досега се презеле 27 мерки, од стимулација на користење јавен транспорт, до субвенции на купување печки со пелети.

Но, прашањето е зошто овие активности не даваат видливи резултати.

„Децениски наталожените проблеми во Скопје не може преку ден да се решат, но, тука сме со интервентни мерки да им помогнеме на граѓаните кога има пикови во загадувањето. Но, секој од нас е дел од проблемот и мора да стане дел од решението. Промената на навиките мора да се случи“, изјави Петре Шилегов, градоначалник на Скопје.

Дел од проблемот зошто нема побрзи ефекти се и поделените ингеренции меѓу централната и локалната власт, и постојаното префрлање на „топката“ што во чија надлежност е.

Изминатиот викенд Владата, по низата иницијативи на граѓанските здруженија, најави измени во Законот за возила, со кој меѓудругото се воведуваат и еколошки налепници. Во зависност од емисијата на издувни гасови ќе се издаваат зелени, жолти или црвени налепници за возилата.

„Зелената се однесува на хибридни и електрични возила, како и на возила со ЕУРО 5 и ЕУРО 6 стандард. Жолтата налепница се однесува на ЕУРО 3 и ЕУРО 4, кои ќе имаат ограничено движење во загдени денови. Црвените налепници се за ЕУРО 2 и под нив за кои ќе бида забрането движење во денови на висока загаденост“, изјави Јани Макрадули, заменик-министер за животна средина.

Возилата се само дел од проблемот со загадувањето на воздухот. Според истражувањата на Обединетите нации, греењето во домаќинствата на несоодветен начин придонесува за една третина аерозагадувањето. Потоа следат превозот, индустријата и градежништвото.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG