Линкови за пристапност

Попова Шапка ја доби жичницата што се градеше седум години


По седум години изградба, почна со работа жичницата на Попова Шапка
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:20 0:00

По седум години откако почна да се гради, на ски-центарот Попова Шапка почна со работа новата шестосед жичница „Лајтнер“.

Во февруари минатата година беше промовиран крајот на градежните работи, но, тогаш не профункционира воопшто, затоа што немало снег.

Официјално стартува со работа, оваа зима. Станува збор за супермодерна жичница, единствена од ваков вид во земјава. Должината на трасата е 1.510 метри, со максимален капацитет за транспорт од 2.400 скијачи на час.

Први во неа седнаа министерот за економија Крешник Бектеши, директорот на јавното претпријатие „Елем турс“ Адем Авзиу, и поранешниот прв човек на ова јавно претпријатие.

Станува збор за прва посериозна инвестиција на Попова Шапка, во последните десет години најави министерот за економија Бектеши.

Инаку изградбата на жичницата, која изнесува повеќе од девет милиони евра, од самиот нејзин почеток ја следат серија поблеми.

Имаше забелешки околу трасата од каде поминува. При изведба на градежните работи, дојде до оштетување на еден од главните извори, од каде Тетово се снабдува со вода за пиење, а биле оштетени и дел од ски - терените, за кои било ветено дека ќе бидат вратени во првобитна состојба.

Од Иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“, велат дека се потребни сериозни зафати во ски-центарот, кој со години тапка во место. И покрај неговата атрактивност, центарот се соочува со основни инфраструктирни проблеми, како што се недостаток на паркинг места и јавни тоалети.

„Ние сме убедени дека токму преку вакви инвестиции ќе привлекуваме и други туристи не само од регионот и околните земји, туку и од други држави. Ова ќе даде дополнителна можност и дополнитлени услуги на сите посетители на Попова Шапка и токму преку вакви инвестиции можеме да развиваме вакви многу важни туристички дестинации во нашата држава“, рече Бектеши.

Хамди Сулејмани од иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“ вели „ја молиме Владата и министрите да се фокусираат на жичарата Тетово-Попова Шапка. За да функионира шестоседот треба жичарата да биде во функција. Луѓето и метежот во сообраќајот да бидат решени. Минатата недела имавме случај кога амбулантното возило не можеше да стигне до Тетово, а имаше човек со голема повреда. Со жичарата за 15 минути ќе може да се дава помош поедноставно“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG