Линкови за пристапност

Катица Јанева планира да се кандидира за реизбор


Катица Јанева планира да се кандидира за реизбор
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:12 0:00

Заслужувам да бидам на чело на СЈО, вели специјалната јавна обвинителка Катица Јанева

Во екот на преговорите меѓу власта и опозицијата за иднината на СЈО – точка клучна во ЕУ-агендата, Катица Јанева, по подолга пауза, пред јавноста кажа што мисли за изјавите на ВМРО-ДПМНЕ дадени по средбите во министерството за правда, дека има подготвеност за можен договор што предвидува и нејзино заминување од чело на СЈО.

„Тоа е само политичка изјава која не држи вода. Мене не може да ме сменат, затоа што во законот нема персонални решенија. Се знае што се пишува во закон, ако сме писмени во Македонија за да сфатиме дека тоа не се пишува во закон, ако сме писмени ќе знаеме што пишува“, изјави специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

Јанева, наспроти критиките не само од опозицијата, туку и на дел од јавноста за нејзиното работење, смета дека заслужува да продолжи да го води СЈО.

„Ќе останам до крај, додека можам да бидам специјален обвинител, не поради тоа што сакам, туку затоа што сметам дека заслужувам да бидам на чело на оваа институција. Да, јас планирам пак да се канидидирам за реизбор“, изјави таа.

Власта е свесна дека мора да го забрза темпото и до јуни да испорача законско решение кое ќе му овозможи на СЈО да продолжи да функционира – услов што Брисел континурано го испорачува.

„Роковите се јавни, едниот е пожелен, другиот неопходниот. Пожелниот е пред извештајот на ЕК, а неопходниот би бил пред одлуката на врвот на ЕУ. Да ги искористиме овие денови за договор“, изјави вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи.

Еден од главните камења на сопнување меѓу мнозинството и опозицијата за договор за законско решение што ќе го опфати и СЈО е барањето на ВМРО-ДПМНЕ постапките отворени 18 месеци од формирањето на СЈО да бидат запрени, собраните докази да не бидат употребливи и преземените правни мерки да престанат, пакет-барања што за власта се неприфатливи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG