Линкови за пристапност

Нов предмет на Специјалното јавно обвинителство


Раководни лица од МВР свесно и без соодветно образложение или потреба уништиле два система за следење на комуникациите

Во злоупотребата на службената должност инволвирани се и екс-минситерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, како и актуелниот шеф на управата која ги поседува овие средтсва.

„Целоноќната потрага по началникот на петата управа на Министерството за внатрешни работи резултираше со објава на Специјалното јавно обвинителство за нов предмет – „Тврдина“ кој се однесува на наменско и вонпроцедурално уништување на два система за следење на комуникациите во МВР. Во Специјалното обвинителство сомничи петмина – четворица од нив за злоупотреба на службената должност – дело казниво од 5 до 20 години затвор. Првосомничен е Горан Груевски, шефот на Петата управа во МВР која располага со оваа опрема. Третоосомничена е екс-министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Петтемина, сите со исклучок на Јанкуловска, се уште активни во МВР, според презентираните информации, со уништувањето на системите за следење ја оштетиле државата за десет милиони евра. Според наодите на обвинителството групата иницирала и спровела непотребно ништење на апаратурата под изговор дека станува збор за амортизирана и застарена опрема. Првиот систем бил ефективен до 2008/2009 година, додека вториот бил оперативен се до моментот на неговото гасење. Според обвинителството ова е сложен случај кој почнал во првата половна на 2015-тата, веднаш по објавувањето на т.н опозициски бомби. Несоодветно била формирана комисија во МВР одобрена од Јанкуловска која решила да ја уништи опремата која пак во март 2015 завршила на отпади во Скопје, а целиот процес со една година задоцнување бил архивиран со застарени датуми во документацијата на МВР.

„Она што денеска го презентиравме е она што предистражната постапка ни даде релевантни докази, значи сето ова е поткрепено со релевантни докази кои не се само во писмена форма, туку навистина сослушавме и голем број на сведоци во овој предмет, така што она што денеска го изнесуваме е предмет што има изграден основ на сомневање заради што има и наредба за спроведување истрага“ коментираше Ленче Ристовска, обвинителка во Спецјално јавно обвинителство.

„Како што чувте водиме многу предистражни постапки и во делот на тоа кој и како прислушувал во Македонија во периодот 2008-2015 година“, изјави Катица Јанева, Специјална јавна обвинителка.

Горан Груевски цела ноќ беше недостапен за полицијата која по него трагаше по барање на специјалното обвинителство. Тој денеска се појави во Основниот суд 1. За другите осомничени вклучувајќи ја и Јанкуловска обвинителството бара мерки на претпазливост кои предвидуваат и одземање на патна исправа и забрана за вршење одредени дејности на работното место. „Тврдина“ пак на површина ја покажа некоординацијата и недоволната соработка на релација суд-специјално обвинителство. Вчеравечер судот го одби барањето на обвинителството за претрес во домот на Горан Груевски што според СЈО во досегашната практика не се случило.

Судот во денешното соопштение образложуваше дека било неопходно да се утврди овластувањето на СЈО дека конкретните предмети кои треба да произлезат од претресот се поврзани со содржината на незаконското следење на комуникациите.

XS
SM
MD
LG