Линкови за пристапност

СЈО, прислушуваните разговори и правниот систем


СЈО, прислушуваните разговори и правниот систем
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:06 0:00

Експертска расправа во Македонија за границите меѓу партиските интереси и правните стандарди

Дали прислушуваните разговори СЈО ќе може да ги користи во судска постапка - „жешкото прашање“ за кое треба да решава Врховниот суд, предизвика сериозна дебата во експертската јавност.

Дел од правниците, кои учествуваа на расправата насловена како „Парадигмата за недозволените докази и плодовите на отровното дрво“, се разочарани од како што го нарекоа, непознавањето на правните норми во Врховниот суд.

Според професорката Гордана Лажетиќ Бужаровска, класифицирани материјали можат да бидат доказ во постапка.

„За заштита на теснопартиски интереси не смее сега да се повикуваме на прави стандарди и заштити, зашто тоа некому му одговара. Јавниот интерес е нешто што треба да ги штити граѓаните, државните органи се тука нас да не` заштитат, а не себе си. Никој не смее да помисли да ја блокира работата на СЈО“, рече Бужаровска.

Таа вели дека во ваква ситуација во која има масовни повреди на човековите права, не смее да се дозволи да пропаднат тие прислушувани снимки како доказ, и никој не смее да помисли да ја блокира работата на СЈО. Специјалното јавно обвинителство има различно искуство со третманот на овие снимки во два судски предмета: „Шпион“ и „Насилството во Центар“.

„Ставот на СЈО е дека тие снимки се инкорпорирани во правниот систем на РМ“.

Од американската амбасада во Скопје, која го поддржа настанот, изјавија дека приоритет има јавниот интерес.

„Секогаш во овие случаи има заедничка тема - кога имате функционер кој бил избран и требал да делува во јавен интерес, а постапувал самостојно за сопствен интерес, тогаш тоа е она што секојпат треба да се гони“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG