Линкови за пристапност

СЈО: Одложувањето на распитот за ТНТ е надвор од досегашната практика


И покрај судското одложување, Специјалното обвинителство вели дека продолжува со работа по предметот

Специјалното јавно обвинителство вели дека одлуката на Судот за одложување на распитот на осомничените во случајот ТНТ е надвор од досегашната практика на работење.

“Распитот е одложен по барање на одбраната и за тоа има официјално соопштение од Судот. Иако ваквото постапување на Судот отстапува од вообичаената досегашна практика на работење, сепак ние ги почитуваме одлуките на Судот. Ве уверуваме дека ова Јавно обвинителство посветено работи на исполнување на задачите за кои истото е формирано“, изјави Специјалното обвинителство за Гласот на Америка.

СЈО најави дека ќе продолжи да работи, и покрај тешката соработка со институциите.

“Во однос на обезбедувањето документи од институциите за другите случаи на кои работи ова Јавно обвинителство, би сакале да појасниме дека се соочуваме со одредени тешкотии бидејќи не сите институции се отворени за соработка. Сепак, и покрај тешкотиите, се изнаоѓа начин да се обезбеди потребната документација“, додава СЈО.

Судот вчера по вторпат го одложи распитот на осомничените во предметот што го отвори Обвинителството за рушење на објектот Косомос во скопската Општина Гази Баба.

ТНТ е петтиот педмет што го отвори СЈО, по Титаник, Тортура, Тврдина и Транспортер.

XS
SM
MD
LG