Линкови за пристапност

Сите најавуваат победа на пролетните двојни избори


Двојни избори на 8 мај 2024 година.
Двојни избори на 8 мај 2024 година.

Социјалдемократите иницираат создавање „европски фронт“ – ден по лидерската средба владејачката партија најавува проект за обдединување во пресрет на пролетните двојни избори – парламентарни и претседателски. Идејата е во фронтот да се вклучат политички партии, граѓански сектор, активисти...

„Европски фронт за посилен економски напредок, поголеми плати и пензии, врвна демократија, социјална правда и европски животен стандард со европски вредности. СДСМ е подготвена во името на врвните државни и национални интереси и оди на двојна победа на претседателските и на парламентарните избори наредната 2024 година. Заедно да ја оствариме стратешката цел: членство во ЕУ до 2030 година“, велат од СДСМ. Не прецизираат, засега, кој се, ќе влезе во овој блок.

И албанските опозициски партии, кои неодамна се групираа во еден блок, а кои ја напуштија лидерската средба, денеска најавуваат победа.

„Европскиот сојуз за промени сака да нагласи дека распишувањето на изборите впрочем значи прифаќање на пораз на оваа антиграѓанска власт. По овие избори, односно на 9 мај 2024 година, нема да се слави само Денот на Европа и победата против фашизмот, туку овој ден ќе биде и прослава на победата против овој корумпиран, антиевропски и антиграѓански режим“, соопштуваат од сојузот.

Лидерите на политичките партии, релативно брзо, се усогласија првиот круг на претседателските избори да се одржи на 24 април, а вториот круг, заедно со парламентарните избори да биде на 8 мај. Тоа претпоставува дека изборите би се распишале не подоцна од 28 февруари, а техничката влада би требала да стапи на должност до крајот на јануари.

„Во овој период политичките партии и коалиции кои што се формираат ќе рефлектираат многу позиции во јавноста. Но, следните избори, во кои што сите ние треба да одлучиме во каква Македонија и во какво општество сакаме да живееме. Од едната страна ќе имаме понуда која што ќе биде претставена од актуелната владина коалиција, а од другата страна ќе имаме понуда која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.Немаме можност за исправка на тоа што ќе го донесеме како одлука најправедна на 24 април, а потоа на 8ми мај. Ги повикувам граѓаните да застанат позади понудата која што ќе ја трансформира Македонија во држава онаква каква што сакаме да ја видиме, не само мојата генерација, не само повозрасната генерација, туку и оние генерации кои што следат“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Вчера лидерите успеаја да се договорат и околу измени на Изборниот законик, во согласност со забелешките и препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Очекувано, нема договор за уставните измени.

„Прифаќањето на уставните измени останува единствениот предуслов за да продолжиме напред, тоа е јасно и секое одлагање и ставање во неизвесност на преговорите и на нашето полноправно членство е исклучително неодговорна и опасна политичка одлука. Овој став го споделив на лидерскиот состанок, со напомена дека уставните измени ќе останат да бидат обврска и за овој парламентарен состав и за секој нареден и секоја теза дека има некоја друга алтернатива за нашето членство во ЕУ е погрешно. Сега е време да се постапи правилно и да се донесат уставните измени“, рече премиерот Димитар Ковачевски.

Од датумите договорени на лидерската средба произлегува дека до крајот на мај би можело да се конститурира новото Собрание, а веќе до крајот на јуни и новата влада. Инаугурацијата на претседателот на државата би се одржала до 12 мај.

Двојни избори напролет
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:45 0:00

XS
SM
MD
LG