Линкови за пристапност

Синтетичкиот убиец „фентанил“, втор дел: Патот на смртоносната дрога кон САД


Според, органите за спроведување на законот на САД, незаконскиот фентанил е евтино направен од хемикалии кои главно доаѓаат од Кина
Според, органите за спроведување на законот на САД, незаконскиот фентанил е евтино направен од хемикалии кои главно доаѓаат од Кина

Главната причина за смртни случаи од предозирање во САД се синтетичките дроги, главно фентанил, кој може да биде до 50 пати посилен од хероинот, велат од американскиот Центар за контрола и превенција на болести

Според, органите за спроведување на законот на САД, незаконскиот фентанил е евтино направен од хемикалии кои главно доаѓаат од Кина, се шверцуваат преку Мексико, па завршуваат во САД.

Наташа Мозговаја од Гласот на Америка со детали за фенанилот во сојузната држава Вашингтон, од каде пренесува серија приказни, а едната од нив се однесува околу тоа како реагираат американските истражни органи.

Незаконски модифицирано оружје, стотици илјади долари во кеш и 27 килограми фентанил – сето ова е запленето во стан во Сиетл, како дел од национална операција за спроведување на законот против синтетички дроги.

Специјалниот агент на американската Агенција за борба против дрога во Сиетл, Џејкоб Галван, вели дека фенталнилот е смртоносен во мали дози.

„Таа количина колку што има на врвот од моливот е два милиграма, и тоа е ќе повторам, смртоносна доза на фентанил“, вели Џејкоб Галван.

Главниот агент на Сиетл за истраги за домашна безбедност, Роберт Хамер, вели дека дрогата запленета тука дошла од Мексико преку југозападната држава Аризона.

„Многу од супстанциите поврзани со фентанил - врзувачките супстанци, пресите кои се неразбирливи, како и боите- забележавме дека многу од тие доаѓаат од Кина“, објаснува Хамер.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, изјави дека нема илегална трговија со фентанил меѓу Кина и Мексико.

„Двете земји имаат мазни канали за соработка против наркотиците, а релевантните одделенија задолжени од двете страни одржуваат добра комуникација. Кина не доби никакво известување од Мексико дека запленила контролирани прекурсори на фентанил од Кина“, рече Нинг.

Белата куќа вели дека гради глобална коалиција за „спречување на нелегално производство на дрога, откривање на новите закани од дрога, попречување на трговијата, решавање на незаконските финансии и одговор на влијанијата врз јавната безбедност и јавното здравје“.

„Двојно ја зголемивме нашата работа за спречување на синтетичките дроги, кои однесоа премногу животи на Американци и Канаѓани. Со зајакнување на нашата заедничка работа северноамериканскиот дијалог за дрога со Мексико и градење на нова глобална коалиција против синтетички дроги, работиме да ги извадиме од нашите заедници овие дроги – убијци како што е фентанилот“, истакна претседателот Џо Бајден.

Галван вели дека некои лажни апчиња се направени за да изгледаат како да се вистинските. Други се обоени во боите на виножитото за да ги направат попривлечни за помладите клиенти кои до нив допираат преку социјалните мрежи.

„Тие користат кодови со емоции. Не мора да имате нормален разговор со никого. Туку, тоа може да биде само неколку испратени емоции за тоа што сакате, колку чини, каде да се најдете...“, вели Галван.

Галван вели дека нарко-картелите не гледаат негативна страна во продажбата на апчиња со фентанил кои би можеле да ги убијат нивните клиенти бидејќи големината на пазарот што можат да го достигнат на социјалните мрежи е толку голема, што вреди да се ризикува.

XS
SM
MD
LG