Линкови за пристапност

Жестока офанзива за преземање на Синџар


Курдски борци со поддршка од коалиционите воздушни сили веќе една недела целат на мети на Исламската држава

Курдските борци поддржани од американски воздушни напади велат дека повторно заземале позиции во северниот ирачки град Синџар, додека ја продолжуваат големата офанзива за заземање на стратешкиот град од рацете на милитантите на Исламската држава.

Иако Исламската држава доживеа голем удар по последната воена операција, бегалците во Синџар коишто живеат во Турција не се чувствуваат сигурни да се вратат во своите домови.

„Милитатните од Исламската држава ги убија сите нашите деца и мажи. Ги киднапираа нашите жени. Се плашиме да се вратиме. Нема мир во градот. Тие ги уништија нашите домови. Не е безбедно да се вратиме“, коментираат бегалци од Синџар во Турција.

Милитантите од Исламската држава го зазедоа Синџар во август 2014-та и го принудија малцинството Јазиди да замине од градот.

Борбени авиони предводени од колицијата на чело со САД вршат воздушни напади повеќе од една недела. Но, засега борците од ИСИЛ не покажуваат знаци дека ќе се повлечат од Синџар.

XS
SM
MD
LG