Линкови за пристапност

Пеење во група ги обединува и срцата


Тим на истражувачи открил дека пеење во хор не го синхронизира само дишењето.

Кога членови на хор пеат заедно, нивните гласови се слеваат во еден, креирајќи хармонии што не би биле можни со само еден глас. За ова да се постигне пеачите го усогласуваат дишењето, вдишувајќи во исто време и издишувајќи заедно за да ја направат музиката.

Тим на истражувачи од Салгренска Академија на шведскиот Универзитет на Готенберг нашле дека пеењето заедно го синхронизира не само здивот, туку и срцата.

„Како што пеете фраза, биењето на вашето срце оди надолу, и потоа меѓу фразите, кога ќе вдишите, биењето на срцето се зголемува“, објаснува Бјорн Викоф, невролог и пеач, кој го водел проектот.

Тимот го следел пулсот на група хорски пеачи додека работеле на неколку музички сегменти. Тие нашле дека биењето на нивните срца варирало во координација со нивното дишење, што значи дека брзината на биењето на срцата се менувало кај сите во склад.

Нашите срца природно забрзуваат и успоруваат како што дишиме. Но Викоф објасни дека ова е само еден дел од нашата психологија што „се синхронизира“ кога луѓето пеат заедно.

„Вие синхронизирате речиси се`“, рече тој. „Мелодијата, текстот, ритамот; вие навистина треба да се прилагодите еден на друг. И на тоа има и контрапункт во вашето тело, внатрешно.“

Претходно истражување покажа дека активноста на вагус нервот, кранијален нерв што влијае на ритамот на срцето и на дишењето – се синхронизира меѓу хорските пеачи. Освен тоа, нивното расположение може да се воедначи, бидејќи бавно, регулирано дишење има смирувачки ефект. Се чини дека пеењето заедно е кооперативно на физичко и емоционално ниво.

Ова може да фрли светлина на тоа како пеењето заедно ги зацврстува врските меѓу луѓето. Кога група е обединета во акција и однесување, таа станува покооперативна, кажа Викоф. Според тие наоѓања, пеачите не само што намерно работат заедно за креирање единствен звук, тие се поврзани, несвесно, преку тоа што нивните тела го прават.

Можеби тоа е една од причините што најголем дел на светските религии инкорпорираат песна и други акти на практикување на религија што инволвира синхронизирано дишење, како повторување на мантри и групни молитви. Тоа се ритуали на заедницата што ги инволвираат умот и телото, и тие можат да помогнат на луѓето да се држат заедно.
XS
SM
MD
LG