СКОПЈЕ – 772 денари во однос на минатиот месец и 4.700 денари од јануари. Минималната синдикална кошница потешка од месец во месец а платите и куповната моќ на граѓаните останува иста. Пресметките на Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ) покажува раст на цените токму на храната и пијалаците две категории каде што граѓаните ниту можат ниту имаат каде да скратат
„Вредноста на кошницата во делот на храна и пијалаци која се намали минатиот месец за 960 денари со воведувањето на мерката сега е зголемена за повеќе од 600 денари. Трговците повторно ќарот го ставаат во џебот. Пред креирањето на мерката цените беа зголемени за 760 денари и зголемуваат во ноември и септември се двобојно поголеми од намалувањето во октомври. Загрижува што синдикалната минималната кошница е зголемена за 4.700 денари а платите не се зголемиле доволно за да се зачува куповната моќ а на работниците и се доведуваме во прашање дали можеме да ги пазариме најосновните производи ако знаеме дека делот за храна и за пијалаци изнесува колку што е минималната плата“, вели Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.
Иако во кошницата се наоѓаат само најосновните продукти и како што велат од ССМ за жал и нај неквалитетните, секој месец кошницата е потешка па во моментов на четиричлено семејство каде изворот на приход се две минимални плати, недостасуваат 17 илјади денари за да може да врзат крај со крај.
„Ги гледаме најевтините производи, на крајот на краиштата и нај неквалитетните производи за да може само да го прехраниме едно четиричлено домаќинство, не коѓшничката тукуи за да покажеме со колку и не се може дека без толку е мизерно. Тие најнеопходни производи имаат огромно високи цени и растот на цените мна тие производи за најранливите категории се зголемува со забрзано темпо. Тоа што беше намалено за 7 до 10 процемнти со мерката на Владата денес е зголемено од 20 до 36 проценти и тоа е пораз за општеството“, изјави Трендафилов.
Владата мора да биде одлучна и ригорозно при спроведувањето на мерките и особено во периодот откако ќе истечат, порачуваат до Сојузот на Синдикати на Македонија.
Растот на минималната плата мора да го следи растот на синдикалната кошница, децидни се од ССМ а доколку државата биде порестриктивна кон работодавачите околу неплаќањето на придонеси за работниците ќе има пари во Буџетот за поголемо зголемување на платите.
Зголемување на минималната плата и воопшто на платите на работниците во Македонија ќе го намали одливот на работна сила а од ССМ најавија дека сите аргументи ќе ги презентираат на следната седница на Економско социјалниот совет која е закажана за почетокот на идниот месец.
Пратениците денес не расправаа за предлогот за утврдување минимална плата. Најголемата опозициска партија СДСМ предложи минималецот да изнесува 27 илјади и 700 денари и да почне да се исплаќа од ноември но пратениците од владејачкото мнозинство не гласаа ниту за овој предлог ниту за предлогот за укинување на ДДВ-то за 250 прехранбени производи.
Facebook Forum