ВАШИНГТОН —
Осум меѓународни мировници, вклучувајќи шестмина Американци, денес беа убиени, откако хеликоптер на американската армија „Блек хок“ се урна за време на рутинска мисија на Синајскиот Полуостров, објавија израелските и египетските власти.
Групата, која го следи следи израелско-египетскиот мировен договор од 1979-та година, во чија сопственост бил хеликоптерот, соопшти дека дополнителните две жртви биле француски и чешки државјанин.
Засега не се објавуваат имињата на загинатите лица, додека не се информираат нивните семејства.
Според израелските и египетските власти, се работи за несреќен случај, најавувајќи натамошна истрага за причините за несреќата.
Facebook Forum