ВАШИНГТОН – 42-годишен маж од сојузната држава Вирџинија за првпат ја прегрна својата мајка по долгоочекуваната средба со семејството во Валдивија, Чиле.
„Здраво, мамо“.
Ова било сè, освен незабележителен поздрав меѓу мајката и синот.
Поминале 42 години откако медицинскиот персонал на Марија Анџелика Гонзалес и го зеле од раце синот веднаш по породувањето, а подоцна и кажале дека тој починал.
Сега, таа се сретна со него лице в лице во нејзиниот дом во Валдивија, Чиле.
„Те сакам многу“, ѝ рекол Џими Липерт Тајден на својата билошка мајка додека тие се прегрнале, расплакани.
Тој со месеци трагаше за да ги открие мистериите на неговото лажно посвојување и повторно да е поврзе со својата биолошка мајка, браќата и сестрата.
Се започнало откако Тајден прочитал вести за посвоени деца родени во Чиле кои повторно ги нашле своите биолошки семејства со помош на организацијата Нос Бускамос.
Невладината организација поврзала повеќе од 450 посвоени деца со нивните биолошки родители. Тие проценуваат дека десетици илјади бебиња биле земени од семејства со потекло од Чиле меѓу 1970-тите и 1980-тите.