Линкови за пристапност

Симболот за американската индустрија, челичарницата во Бредок е пред продажба на странски купувач


Компанијата „Американски челик“ е некогашен иконски столб на индустриската ера на САД
Компанијата „Американски челик“ е некогашен иконски столб на индустриската ера на САД

Пред претседателските избори во САД имаше негодувања за планираното купување на Компанијата „Американски челик“ , некогашен иконски столб на индустриската ера на Америка. Со завршувањето на изборите, постојат индикации дека договорот може да помине. Известува Стив Херман

Во изминатата година, Американската челичарница бараше одобрение за мнозински влез на акции од јапонската челичарница - Nippon Steel.

Во американската челичарница од 340.000 работници во својот врв, сега работат околу 15.000. Тоа е загрижувачка статистика за Бредок, каде што произведуваат челик од 1875 година.

Делија Ленон-Винстед е градоначалничка на градот.

„Не е како што велат од американската челичарница дека не очекувале“, вели Ленон - Винстед.

Овие високи печки беа дел од моќната фабрика која 100 години произведуваше повеќе од 9.000 тони железо дневно. Долго време беше најголемата челичарница во светот и симбол на индустриската моќ на Америка. Американската челичарница го затвори погонот во 1986 година, бидејќи производството се пресели во странство.

Морам само да кажам дека е апсолутно срамно што се продадоа на странска нација и компанија
Џон Фетерман, Сенатор од Пенсилванија

„Морам само да кажам дека е апсолутно срамно што се продадоа на странска нација и компанија“, истакна американскиот сенатор Џон Фетерман од Пенсилванија кој изрази противење на предложеното преземање.

Фетерман остави свој белег како градоначалник на Бредок, функцијата која сега ја извршува Делија Ленон-Винстед. Таа го поддржува преземањето од Јапонците, тврдејќи дека судбините на градот Бредок и американската челичарница се испреплетени.

„Со неа беше основан Бредок. Таа беше во Бредок. Тоа е главниот ресурс за градот. Тоа е влезната порта за инвестиции во Бредок и околните заедници“, вели Ленон Винстед.

Американската челичарница посочи дека некои фабрики може да бидат затворени и работниците да бидат отпуштени доколку договорот биде поништен. Но, адвокатката за трудови права и поранешен член на Советот на округот Алегани, Аманда Грин-Хокинс изрази загриженост дека челикот од Пенсилванија ќе биде под странска контрола.

„Има луѓе во заедницата кои се загрижени за тоа. Што значи, ова за националната безбедност? Ова се прашања кои нашите законодавци мораат сериозно да ги разгледаат“, посочува Хокинс.

Се надевам дека ќе ги задржиме и нашите здравствени придонеси на платата
Гај Валар, работник при американската челичарница

Оние во Вашингтон кои се противат на јапонското преземање се водат од политички игри, вели Гај Валар, кој работи во локалната фабрика при американската челичарница.

„Ќе го задржат името. Ќе ја задржат работата. И, како што реков, се надевам дека ќе ги задржиме и нашите здравствени придонеси на платата“, истакнува Валар.

Исто така, локалците дискутираат за можниот купопродажен договорот. Ова е режисерот Тони Буба, чиј татко бил заварувач со децении во локалната фабрика за челик во САД.

„Ако јапонската челичарница нè купи, може да трае уште 20 години. На крајот, можеби ќе затвори“, посочува Буба.

Јапонија се појави како ривал на Америка во производството на челик во вториот дел од 20 век. Опстанокот во 21-от век може да зависи од воспоставување соработка меѓу двете земји, за да се избегне преземањето од конкурентите во Кина, која сега е дом на три од петте најголеми светски производители на челик.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG