Линкови за пристапност

Силно невреме во Кина, улиците претворени во реки – две лица загинаа


Доксури, една од најсилните бури што ја погоди Кина, предизвика колапс на пат во село во областа Фангшан, Пекинг. Властите во понеделникот ги предупредија жителите да не излегуваат надвор поради рекордните врнежи.

Најмалку две лица загинаа во поплавите.

Објавите на социјалните мрежи покажаа дека пат се урива во реката долу додека остатоците од тајфунот продолжија со силен дожд во Пекинг, приземјувајќи ги летовите и поплавувајќи стотици патишта.

Локалните власти на Фангшан, исто така, потврдија затворање на неколку патишта во областа.

Ројтерс успеа да ја потврди локацијата на видеата од планините, патиштата и зеленилото кои одговараат на 3Д сателитска мапа на областа. Ројтерс не беше во можност самостојно да го потврди датумот на кој се снимени видеата.

Додека Доксури продолжува да се намалува, синоптичарите предупредија дека тајфунот Канун се приближува и треба да го погоди густо населениот брег на Кина оваа недела.

XS
SM
MD
LG