Линкови за пристапност

Силјановска смета на поддршка од сите незадоволни од Преспанскиот договор


Силјановска смета на поддршка од сите незадоволни од Преспанскиот договор
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:49 0:00

Професорката капитализира на нејзиното досегашно академско и политичко искуство во актуелната кампања за претседателка на државата

Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на Република Северна Македонија, поддржан од опозициската ВМРО – ДПМНЕ, е експерт по уставно право, професор на правниот факултет „Јустинијан Први“ и поранешен член на „Венецијанската комисија“.

За себе вели дека е натпартиски кандидат, но истрча на претседателските избори откако ја доби поддршката на Конвенцијата на ВМРО – ДПМНЕ која се одржа кон средината на февруари во Струга убедливо поразувајќи го против кандидатот Влатко Ѓорчев.

Интересно е што покрај активната и успешна професорска кариера, Силјановска веќе се има испробано во политиката. Таа беше министер без ресор од 1992 до 1994 година во владата која ја предводеше тогашниот премиер Бранко Црвенковски.

Клучните поенти во нејзината програма се економијата, владеењето на правото и меѓународната положба на државата, преку евроатлантските интеграции.

Силјановска е децидна околу промената на името, а тој став ги носи и клучните поени меѓу гласачкото тело на опозицијата. Вели дека ќе ја почитува одлуката и ќе ја нарекува државата Република Северна Македонија, но истовремено ќе се бори за ревидирање на договорот од Преспа кој според неа е лошо решение кое навлегува во правото на самоопределување и во идентитетските прашања.

Цврст став има и околу законот за јазици и двојазичноста, но сепак во ниту еден наврат не најави дека доколку стане претседател ќе преземе било што околу овој закон.

Од почетокот на кампањата Силјановска често го критикува премиерот Заев околу начинот на кој ја води државата, го обвинува за криминал и непотизам и за осиромашување на народот.

Лидерот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, уште од самиот почеток отворено застана зад Силјановска. Тој на секое обраќање пред симпатизерите ја потенцира својата поддршка и нагласува дека партијата го направила вистинскиот избор.

Иако ја има поддршката на базата, дел од членовите и симпатизерите на опозицијата најавуваат дека ќе ги бојкотираат изборите и нема да гласаат, а како образложение го наведуваат минатото на Силјановска и ангажманот во владата раководена од СДСМ, но и ангажманот во фондацијата Отворено општество.

Сепак, Силјановска е убедена дека и покрај евентуалниот бојкот таа ќе оди во вториот круг на изборите, ќе го порази Пендаровски и ќе стане првата жена претседател на Република Северна Македонија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG