Линкови за пристапност

Силен земјотрес ја погоди кинеско-киргистанската граница


Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала во провинцијата Ксинџијанг предизвика уривање на куќи.
Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала во провинцијата Ксинџијанг предизвика уривање на куќи.

Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди рано наутро во вторникот границата долж меѓу Кина и Киргистан.

Кинеската агенција за земјотреси соопшти дека земјотресот се случил во 18:00 часот по Гринич во планинската погранична област на округот Вуши во оддалечената провинција Ксинџијанг, на длабочина од 22 километри.

Најмалку пет села се наоѓаат на 20 километри од епицентарот.

Новинските медиуми јавуваат дека десетици куќи во регионот се урнале или претрпеле сериозни оштетувања, додека неколку луѓе се наводно повредени.

Од првичниот земјотрес се почувствувани повеќе последователни потреси.

Земјотресот бил почувствуван и во градот Алмати, најголемиот град во Казахстан. Видеото објавено на социјалните мрежи ги прикажува жителите како брзо ги напуштаат своите домови и стојат на улиците, некои во пижами и влечки.

Земјотресот бил почувствуван и во соседен Киргистан.

Некои информации за овој извештај дадоа Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG