Линкови за пристапност

Сијарто: Ветото на Бугарија го поткопува кредибилитетот на Европската Унија


Унгарскиот шеф на дипломатијата нагласи дека местото на Северна Македонија е во ЕУ и дека во периодот кога Унгарија ќе претседава со Унијата ќе се направат напори за да се забрза процесот.
Унгарскиот шеф на дипломатијата нагласи дека местото на Северна Македонија е во ЕУ и дека во периодот кога Унгарија ќе претседава со Унијата ќе се направат напори за да се забрза процесот.

СКОПЈЕ - Северна Македонија и регионот Западен Балкан припаѓаат на Европската Унија која во моментов е сериозно ослабната, а бугарското вето е страшен потег кој го поткопува кредибилитетот порача унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто кој денеска беше во официјална посета на државата.

Сијарто најави дека во периодот кога Унгарија ќе претседава со Унијата, а тоа е втората половина на 2024 година, ќе стори се што е можно да се забрза процесот за прием на нашата држава.

„За нас страшно е што Бугарија го блокираше писмото кое требаше да се испрати на Северна Македонија пред неколку недели. Северна Македонија е земја кандидат 18 година и во осумнаесетте години со кандидатски статус да не ги започне преговорите покажува непочитување кон државата. Ова е контрадикторно на интересите на ЕУ и за тие кои всушност го блокираат стартот на преговорите треба да знаат дека го поткупуваат кредибилитетот на ЕУ. Кога ќе го преземеме претседателството со ЕУ ќе ги превртиме сите камења за да се осигуриме дека пристапувањето на Северна Македонија и целиот Западен Балкан ќе се случи што е можно побрзо“, изјави Петер Сијарто, министер на надворешни работи на Република Унгарија.

Министерот Османи пак ја истакна долгогодишната цврста соработка и поддршка меѓу двете држави, и ја повика опозицијата да ги изгласа Уставните измени кои ги оцени како неопходни во моментов.

Она што недостига во моментот во оваа сложувалка за забрзување на нашето пристапување во ЕУ се уставните измени за што уште еднаш апелирам до опозицијата да не ја отфрла оваа единствена можност која е пред нас. Следната Година во второто полугодие Унгарија ќе претседава со ЕУ и очекувам како и до сега Унгарија силно и гласно да ја поддржи нашата евроинтеграција и затоа сите треба да бидеме обединети за европската идеја и да обезбедиме дека по толку години чекање нема повторно да се создаде застоја во ЕУ пристапниот процес во момент кога добива на забрзување заради геополитичките процеси“, изјави министерот Османи.

Кога станува збор за транзитната такса за руски гас во висина од 10 евра за мегават час која ја воведе Бугарија, Сијарто смета дека е „акт на непријателство“ и сериозно ја загрозува безбедноста во снабдувањето со енергенси на Северна Македонија, Србија и Унгарија. Токму затоа Унгарија веќе презела конкретни чекори и постапка против Бугарија во рамки на Унијата. Владите на двете држави пак ќе ги координираат следните чекори по ова прашање.

„Ова е неприфатливо. Никој нема право да го доведува во опасност снабдувањето со енергенси на која и да е земја. Затоа чекорот на Бугарија за зголемување на транзитните такси е непријателски чекор. Унгарија е подготвена да даде соодветен и одмерен одговор во рамките на Европската Унија. Цвеќе го направивме првиот чекор и во понеделникот побаравме почеток на постапка за утврдување на прекршување од страна на Бугарија и доколку е неопходно ќе преземеме дополнителни чекори и дејствија во однос на оваа состојба. Веќе ги направивме првите чекори ја започнавме прекршочната постапка на ЕУ против Бугарија и со колегата Османи се договоривме дека Владата на Северна Македонија и унгарската влада ќе се консултираат и ќе ги координираат сите тие чекори и дејствија“, рече Сијарто.

Министерот Османи кажа дека овој потег на Бугарија и штети на економијата и дека се преземаат чекори без да наведе точно кои. Владата веќе извесен период бара од Бугарија да ги ослободи капацитетите за да може да се донесе гас и од други извори. За проблемот со давачката ја извести и Европската комисија, а известени се и државната „Булгратранс гас“ и енергетската заедница

XS
SM
MD
LG