Линкови за пристапност

Шји Џјинпинг веројатно нема да оди на самитот на Г20 во Индија


Освен кинескиот претседател, и рускиот претседател Владимир Путин веќе најави дека нема да патува во Њу Делхи
Освен кинескиот претседател, и рускиот претседател Владимир Путин веќе најави дека нема да патува во Њу Делхи

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг најверојатно ќе го прескокне самитот на лидерите на Г20 во Индија следната недела, изјавија за Ројтерс извори запознаени со ова прашање во Индија и Кина.

Двајца индиски функционери, еден дипломат со седиште во Кина и еден функционер кој работи за владата на друга земја од Г20, рекоа дека кинескиот премиер се очекува да го претставува Пекинг на состанокот од 9 до 10 септември во Њу Делхи.

Портпаролите на индиското и кинеското министерство за надворешни работи не одговорија на барањата за коментар.

Самитот во Индија се смета за место на кое Шји може да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден, кој го потврди неговото присуство, додека двете суперсили се обидуваат да ги стабилизираат односите заострени од низа трговски и геополитички тензии.

Шји последен пат се сретна со Бајден на маргините на самитот на Г20 во Бали, Индонезија минатиот ноември.

Рускиот претседател Владимир Путин веќе најави дека нема да патува во Њу Делхи и наместо тоа ќе го испрати министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

XS
SM
MD
LG