Линкови за пристапност

Владата на САД затворена четврти ден


Претседателот Доналд Трамп го откажа патувањето во Флорида и остана во Белата куќа за Божиќ

Американскиот претседател Доналд Трамп го пречека Божиќ во Белата куќа, додека затворањето на владата влезе во четвртиот ден. Трамп и првата дама Меланија присуствуваа на миса во Вашингтон на Бадник откако го откажаа планираното патување за празникот во нивното одмаралиште во Флорида, заради непостигнувањето договор со Конгресот.

Трамп, кој не се појавуваше во јавност последниве денови, кажа до каде се работите со затворањето на владата за време на синоќешните телефонски разговори со деца. Тој рече дека нема ништо ново во врска со затварањето, освен што „ни треба обезбедување на границата“.

Демократските лидери го обвинуваат претседателот Доналд Трамп што „ја турнал државата во хаос“ . Трамп бара пет милијарди долари од буџетот да се алоцираат за ѕид долж границата со Мексико, а демократите понудија само 1,3 милијарди за, како што велат, погранично обезбедување.

Владините агенции кои се грижат за националната и јавната безбедност, остануваат отворени.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG