Американски новински организации велат дека конгресните републиканци разгледуваат предлог за привремено продолжување на авторитетот на владата за позајмување со цел да се прекине спорот со претседателот Барак Обама и да се избегне потенцијална неможност да се плаќаат долговите.
Републиканците од Претставничкиот дом треба да дискутираат за прашањето рано во четврток, неколку часа пред мала група да има разговори со Обама во Белата куќа. Претседателот ги покани сите 232-ца републиканци од Претставничкиот дом, но спикерот Џон Бејнер испраќа 18 од неговите членови и само тие со лидерски функции.
Во меѓувреме, секретарот за финансии Џек Лу ќе сведочи пред сенатска комисија во четврток за потребата да се крене лимитот на задолжување на државата кој сега е 16,7 трилиони долари, до 17 октомври, датумот кога администрацијата ќе остане без пари за плаќање на своите сметки, што може да доведе до намалување на американскиот кредитен рејтинг и да предизвика друга економска криза.
Администрацијата дава отпор на растечкиот број на републиканци кои изразија скептицизам за ваквите тврдења.
Затварањето на владата сега е во втора недела. Републиканците на почетокот сакаа дефинансирање на Обамакеар во замена за отварање на владата и кревање на лимитот на задолжувањето, а Бејнер бараше Обама да преговара пред да дозволи Домот да гласа.
Но, претседателот кажа дека нема да преговара додека Конгресот не ги усвои прашањата без услови.
Делумното затварање прекина многу владини услуги, вклучувајќи ги бенефициите по смрт на лице загинато во борба. Јавниот протест го натера Претставничкиот дом да гласа анонимно во средата за повторно воспоставување на бенефициите. Мерката сега оди пред Сенатот.
Пентагон постигна договор со приватна добротворна организација да ги плати трошоците додека финансирањето се обнови.