Ново истражување на јавно мислење индицира дека повеќе Американци ги обвинуваат републиканците отколку демократите за делумното затварање на владата, додека рејтингот на законодавците е на многу ниско ниво.
Истражување објавено во среда од Асошиејтед прес и ГфК покажува дека околу 62 проценти од над илјада анкетирани рекле дека републиканците се виновни за владиното затварање што започна минатиот вторник. Околу половина од испитаниците рекле дека демократите или претседателот Барак Обама имаат најголема одговорност за затварањето.
Рејтингот за членовите на Конгресот падна на пет проценти.
Во вторник, додека државата се соочува со рокот за кревање на границата на задолжување или во спротивно да не биде во можност да ги плаќа обврските, претседателот Обама се обиде да го разувери светот дека САД секогаш ги плаќаат долговите.
Обама на новинарите во вторник им кажа дека коментари од Конгресот што индицираат дека ситуацијата на пробивање на рокот за кревање на границата на за задолжување нема да наштети на светското опоравување на економијата, ги прави нервозни инвеститорите. Тој го повика Конгресот да има чисто гласање за кревање на границата на долгот – што е гласање на кое нема да бидат прикачени други прашања.
Обама исто така апелираше до Конгресот да го усвои законот за трошоци и повторно да ја отвори владата.
Спикерот на претставничкиот дом Џон Бејнер кажа дека е разочаран што претседателот одбива да преговара. Тој кажа дека ова не е американски систем на владеење.
Бејнер кажа дека границата на задолжување секогаш била чесна игра за преговарање и кажа дека САД нема да продолжат да трошат пати што ги немаат.
Американскиот Оддел за финансии очекува да се истроши позајмувачката способност под сегашните 16,7 трилиони долари до 17 октомври.
Американската влада ги затвори сите освен најнужните дејности на 1 октомври кога Конгресот не можеше да го усвои буџетот. Републиканците во Претставничкиот дом инсистираат на дефинансирање на главната иницијатива на претседателот Обама за здравствена заштита. Стотици илјади владини работници се` уште се надвор од работните места и многу важни услуги остануваат недостапни.