Линкови за пристапност

Затварањето на владата започнува втора недела


Претседателот вели дека нема да преговара за затварањето или за лимитот на владино задолжување додека е под закана од републиканците.

Делумното затварање на американската влада во вторник влезе во втората недела, со ветување од претседателот Барак Обама дека нема да преговара за затварањето или за лимитот на владино задолжување додека е под закана од републиканците.

Претседателот зборуваше во понеделникот, во Вашингтон, пред работници на Федералната агенција за менаџмент на кризи, ФЕМА, една од многубројните владини канцеларии принудени привремено да отпуштат вработени.

Обама ги поттикна републиканците да ги напуштат нивните „идеолошки барања“ и да минат преку „вештачки создадената криза“ предизвикана од затварањето. Тој рече дека Конгресот мора да усвои чист закон за владините трошоци што ќе ја отвори владата – што значи дa нема прикачено други прашања – пред да седне на разговор со републиканците за фискални и буџетски прашања.

Спикерот на претставничкиот дом Џон Бејнер кажа дека претседателот, а не републиканците, е тој што ризикува економска катастрофа со одбивањето да разговара.

Стотици илјади владини работници се` уште се на принуден одмор и многу важни услуги се недостапни. Затварањето започна кога конгресните демократи одбија да ги прифатат републиканските барања за дефинансирање на здравствената програма на претседателот.

САД исто така се соочени со рокот 17 октомври за кревање на границата за позајмување за државата да не падне во неможност да ги плаќа своите обврски. Државата ќе нема пари да ги плати сметките, вклучувајќи ја каматата на обврзници што ги држат Кина, Јапонија и други инвеститори во странство.
XS
SM
MD
LG