Линкови за пристапност

Анализа: Дали нефункционалноста станува нова норма во американската политика?


Додека затварањето на владата се оддолжи и во втората недела, фрустрацијата меѓу главните политички играчи на двете страни изгледа како да расте.

Републиканскиот спикер на Претставничкиот дом Џон Бејнер се надева дека затварањето ќе ги натера претседателот Барак Обама и неговите демократски сојузници да преговараат за прашања што го вклучуваат законот за здравствена заштита на претседателот и владините трошоци воопшто.

Но демократите, заедно со претседателот Обама, продолжуваат да пружаат отпор, лути што фракција на конзервативните републиканци од Претставничкиот дом се волни да ја затворат владата во надеж дека ќе ја принудат Белата куќа на отстапки.

Законот за здравствена заштита, кој стана познат како Обамакеар влезе во сила во 2010. Републиканците се обидоа и не успеаа на неколку пати да го блокираат или дефинансираат законот. Тоа стана и рефрен за групите на конзервативното Ти парти во земјата, од кое републиканските законодавци зависат да бидат избрани.

Аналитичарот од Универзитетот на Вирџинија Лари Сабато вели дека сегашната битка за законот за здравствена заштита произлегува од фактот што законот бил усвоен во Конгресот само со демократски гласови.

„Кога имате таков вид на партиска поделеност за масивна нова програма како што е Обамакеар, имате гарантирана партиска поделеност во иднина. Тоа е едноставно објаснувањето зошто се случува ова што сега го гледаме“, вели Сабато.

Конзервативните републиканци велат дека нивната волност да ја затворат владата е од причина што тоа е гледање на повеќето нивни гласачи кои бараат поагресивна позиција против претседателот Обама.

Демократскиот политички стратег Стан Гринберг забележува голема лутина и фрустрација во последното истражување на јавно мислење.

„Тие мислат дека Барак Обама успеал во тоа неговата агенда да мине. Тој ги измамил луѓето и неговата социјалистичка агенда е усвоена и тие веруваат дека проблемот во Вашингтон не е застојот. Проблемот според нив е што републиканците не биле доволно силни да го запрат во успехот да ја промени државата“, вели Гринберг.

На друга страна демократите изгледаат обединети во поддршката на претседателот и неговиот закон за здравствена заштита и затварањето на владата го сметаат за обид за политичко изнудување.

Некои политички аналитичари се загрижени дека овој растечки тренд на затварање со голем залог ќе стане „нова нормала“ во американската политика.

Џон Фортиер од Двопартискиот центар за политика во Вашингтон вели дека двете партии се фокусирани повеќе на својата политчка база отколку на посегање по другата страна.

„Државата има поинаква пореденост. Има многу силни конзервативни дистрикти и многу силни либерални дистрикти. Така, најголем дел од Конгресот може да оди дома и да ги слуша луѓето кои се на нивна страна. Многу е потешко отколку порано, што беше повеќе како коалиционен партиски систем. Денеска е многу поидеолошки“, вели Фортиер.

Исто така постои загриженост дека оваа нова хипер-партиска ера во американската политика би можела да има ефекти што сега не се видливи на националната економија и на државните и локални влади.

Петер Браун е од Институтот за јавно мислење Квинипек:

„Што и` прави тоа на економијата? Ја поправа? Ја влошува? Има ли некаков ефект на неа? Гласачите многу веројатно ќе гласаат врз основа на затварањето на владата за 13 месеци, но веројатно ќе гласаат за нивниот поглед на економијата“.

Конгресните избори во 2014, на половина на мандатот на претседателот се за нешто повеќе од една година и на гласачите ќе им дадат можност да бараат промена за тоа како државата работи или да добијат повеќе од истото од нивните политички лидери за неодредено идно време.
XS
SM
MD
LG