Сенатот на САД изгласа привремен буџет со што се избегнува краткорочно затворање на владата, и обезбедува пари за федералната влада до 18 февруари, откако законодавците го решија несогласувањето околу воведување задолжителни вакцини, објави Асошиетед прес.
Мерката сега оди на потпис кај претседателот Џо Бајден за да стане закон.
Конгресните лидери најавија дека конечно постигнале договор за да овозможат владата да работи уште 11 недели, генерално на моменталното ниво на трошоци, додавајќи седум милијарди долари помош за евакуираните лица од Авганистан.
Лидерот на сенатското мнозинство Чак Шумер рече дека е задоволен оти на крајот преовладале „ладни глави“.
Facebook Forum