Линкови за пристапност

Постигнат договор за повторно отворање на Владата на САД


Законодавците во Сенатот ја усвоија мерката за владино финансирање до 8-ми февруари

Лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот Мич Меконел претходно закажа гласање да се стави крај на делумното затворање на американската влада.

„Меѓутоа, ако овие прашања не се разрешени до 8-ми февруари, 2018-ма, кога истекува мерката за финансирање, претпоставувајќи дека Владата ќе остане отворена - мојата намера е да предложиме легислатива конкретно за Програмата за одложено пристигнување на деца (ДАКА), безбедност на границите и слични прашања. Мојата намера е да се донесе мерка за зголемување на трошоците за одбраната, за помош при катастрофи и други важни прашања“ изјави Меконел.

Претставничкиот дом донесе буџет за финансирање на федералната влада на крајот од минатата недела.

Демократите на Сенатот го одбиваа предлогот, барајќи заштита од депортација на корисниците на ДАКА.

Меконел вели дека ова барање на демократите не е итно прашање, бидејќи претседателот Трамп му дал на Конгресот рок до 5-ти март да најде решение.

Меконел го повтори ставот на Трамп, обвинувајќи го лидерот на демократската малцинство во Сенатот Чак Шумер, за затворањето на владата.

Но, Шумер го обвини претседателот за тоа дека минатата недела се согласил да потпише договор за имиграција, а неколку часа подоцна го променил ставот.

Шумер додаде дека за време на состанокот во Белата куќа, на Трамп му понудил договор за финансирање на неговиот имиграциски приоритет - ѕид долж границата со Мексико, во замена за заштита на лицата-корисници на ДАКА.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG