Линкови за пристапност

Постигнат договор - Владата на САД привремено отворена


Претседателот соопшти дека е договорено Владата да биде финансирана до 15-ти февруари

Претседателот Доналд Трамп постигна договор со Конгресот за отворање на Федералната Влада на САД за период од три недели. Тој ова го соопшти од градината на Белата куќа во петок попладне.

„Постигнавме договор да прекине затворањето и повторно да биде отворена Федералната Влада“, Трамп им кажа на новинарите во Градината на розите.

Договорот, со кој Владата ќе биде финансирана до 15-ти февруари, не вклучува средства за контроверзниот пограничен ѕид, на кој Трамп претходно инсистираше. Претседателот рече дека двопартиска комисија ќе биде формирана во меѓувреме за да направи проценка на пограничната безбедност, но за разлика од претходно тој не бараше бетонски ѕид по должината на целата американско-мексиканска граница.

„Нам не ни треба 2.000 милји на бетонски ѕид од море до море. Ние никогаш тоа не сме го предложиле“, кажа тој.

Соопштението доаѓа на 35-тиот ден од затворањето на Владата, кога околу 800.000 федерални службеници ќе останат без втората последователна плата.

Конгресот сега треба да гласа по договорот пред Владата официјално да биде отворена.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG