Линкови за пристапност

Шток: Постои одредено руско влијание, но заканите за Европа доаѓаат и надвор од неа


Северна Македонија и регионот се исправени пред нови и современи безбедносни предизвици.
Северна Македонија и регионот се исправени пред нови и современи безбедносни предизвици.

Северна Македонија иако е безбедна држава, сепак заедно со регионот треба да бидат внимателни, од новите форми на безбедносни закани, предупреди, генералниот секретар на ИНТЕРПОЛ, Јурген Шток, од Охрид, каде се одржува 50- та европска конференција на оваа светска организација.

„Сега повторно има нови закани, криминалците се флексибилни. Видовме дека во текот на пандемијата, како тие брзо ја променија својата улога прилагодувајки се на ранливостите во општествата поради короната. Сега промената е кон сајбер страната и се повеќе криминални дејствија се префрлаат на сајбер арената и тоа е буре без дно. Сега низ континентот има криминални картели кои што се организираат така да и ние мораме да возвратиме со иста таква организација“, рече Шток.

И министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, вели дека земјава и регионот се пред сериозен предизвик.

„Последните геополитички случувања на глобално ниво надополнети со дигитализацијата и технолошкиот развој, покажаа дека сме исправени пред софистицирани безбедносни предизвици, кои бараат и заедничка одговорност, здружен пристап и обединети напори“, кажа Спасовски.

Во однос на руското влијание во Северна Македонија и регионот, Шток вели дека одредено такво влијание постои, но оти заканите за Европа доаѓаат и надвор од неа.

Се обидуваме да ја исклучиме политиката и каналите на ИНТЕРПОЛ, да не се користат за било какви политички цели, туку за интензивирање на полициската соработка додава тој.

„Размената на полициските информации со Русија, на самите земји членки е да одлучат дали ќе ги користат тие извори, бидејки сакаме да ги подржиме нашите земји членки во борбата против илегалното тргување со оружје, а посебно во врска со конфликти. Знаеме дека многу парчиња оружје се достапни сега. Ние ги користиме информативните системи да ги следиме криминалците, што ги експлотираат и ги користат овие видови на кризи. На пример напорите на ИНТЕРПОЛ, за заштита на најранливите, децата и жените, кои сега поминуваат граници и бараат засолниште. Сакаме да гарантираме дека нема да бидат експлотирани од страна на групи кои тргуваат со луѓе и ги таргетираат најранливите во контекст на овие конфликти“, кажа Шток.

Беше речено дека геостратешката позиција на Северна Македонија е таква, што таа важи за транзитна земја за незаконско тргување со човечки суштества и стоки.

XS
SM
MD
LG