Линкови за пристапност

Шоу бизнис: Макартни и Спрингстин заедно, но безгласни


Шоу бизнис: Макартни и Спрингстин заедно, но безгласни
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:14 0:00

Шоу бизнис: Макартни и Спрингстин заедно, но безгласни

Холивуд се потсети на животот на актерка која забавуваше три генерации љубители на филмови, а двајца најголеми рок ѕвезди во светот беа замолчани...

Тоа беше можност што се пружа еднаш во живот – да се видат Пол Макартни и Брус Спрингстин заедно на сцена.
Ч
ленот на Битлси му се приклучи на Спрингстин на концерт во лондонскиот Хајд Парк, за дует на класиката на Битлси „Twist and shout“ и „I saw her standing there“. Но двајцата паднаа во „The sounds of silence“, или – во тишина, кога властите ги исклучија микрофоните зашто концертот го надминал времето кога бил дозволен звук во паркот.

Двете супер-ѕвезди не можеле да бидат слушнати кога се обиделе да се заблагодарат на публиката – која експлодирала во негодување по неочекуваното исклучување на звукот.

Холивуд жали за една од последните големи актерки на Златното доба на сребрениот екран. Селеста Холм
беше ѕвезда повеќе од 60 години, запаметена по улогите во класиката „Оклахома“ и „Се` за Ева“. Добила Оскар за „Договор на џентлмени“ од 1947-та. Селеста Холм почина на 95 години.

И, конечно, филмот „Ледено доба: оддалечување на континентот“ ја замрзна конкуренцијата на касите на кино-салите изминатиов викенд. Четвртото продолжение на анимираната филмска серија заработи 46 милиони долари според проценките на студиото. Втор беше новиот филм за „Спајдермен“ со 35 милиони долари, а комедијата за возрасни „Тед“ беше трета.
XS
SM
MD
LG