Линкови за пристапност

Осуммина мртви во инцидент во објект на FedEx во Индијанополис


INDIANAPOLIS (AP) — Вооружен напаѓач уби осум лица и рани неколкумина други пред да си го одземе животот доцна синоќа во напад во објект на FedEx во близина на аеродромот во Индијанаполис, соопшти полицијата. Ова е најновиот во серијата напади со огнено оружје во САД по релативното затишје за време на пандемијата.

Според полицијата, пет лица се хоспитализирани по пукањето, а едно лице било со критични повреди. Други две лица биле третирани на местото на настанот по што се пуштени дома. Од FedEx потврдија дека меѓу загинатите имало и луѓе кои работеле за компанијата.

Сведок изјави дека работел внатре во зградата кога чул истрели. Ова е последното во низа масовни пукања низ САД минатиот месец, при што осум лица беа смртно застрелани во салони за масажа во областа на Атланта, а 10 починаа од огнено оружје во супермаркет во Болдер, Колорадо.

Тоа беше најмалку трето масовно пукање оваа година само во Индијанаполис. Пет лица, меѓу кои и една бремена жена, беа застрелани и убиени во јануари, а едно лице е обвинето за убиство на тројца возрасни и дете пред да ја киднапира својата ќерка при домашна расправија во март.

Полицијата не го идентификува сторителот ниту соопшти дали тој бил вработен во објектот. Тие рекоа дека „прелиминарните информации од доказите на местото на настанот“ укажуваат на тоа дека тој се самоубил.

Крис Бавендер, портпарол на канцеларијата на ФБИ во Индијанаполис, рече дека и помагаат на полицијата во истрагата. Јавниот обвинител Мерик Гарланд бил информиран за пукањето, а Белата куќа соопшти дека ќе биде и претседателот Џо Бајден. Советниците на Бајден биле во контакт со градоначалникот на градот и претставници за спроведување на законот.

XS
SM
MD
LG