Линкови за пристапност

Шест жени со азијатско потекло меѓу осуммина убиени во поширокото подрајче на Атланта


Властите во сојузната држава Џорџија доцна во вторникот уапсија лице по серија напади на ттериторија на Атланта, што остави осуммина мртви, од кои шест се жени од азијатско потекло,

Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја кажа дека четири од жените биле со корејско потекло.

Во соопштение рано во средата, прес-секретарката на Белата куќа Џен Саки кажа дека претседателот Џо Бајден бил брифиран во текот на ноќта „за страшниот инцидент„ и дека „претставници на Белата куќа биле во контакт со канцеларијата на градоначалникот и ќе останат во контакт со ФБИ“.

Првиот напад се случил во салон за масажа во градот Акворт, на околу 50 км северно од Атланта. Властите велат дека напаѓачот таму убил две жени со азијатско потекло, една бела жена и бел маж.

Отприлика еден час подоцна, полицијата на Атланта нашла три мртви жени со азијатско потекло очигледно убиени од огнено оружје во салон за разубавување. Потоа, нашле друга Азијатка застрелана во спа недалеку оттаму.

Полицијата вели дека видео од набљудувачките камери го покажале возилото на осомничениот на сите три локации, што ги уверило дека се работи за лице одговорно за нападите.

По гонење по патиштата полицијата подоцна запрела возило на околу 240 км јужно од Атланта и го уапсиле 21-годишниот Роберт Арон Лонг.

Мотивот за пукањето не е познат.

Убиствата се случиле среде други напади против лица со потекло од Азија во САД.

Групата Stop AAPI Hate пукањето го нарече „незамислива трагедија“ за Азиско-американската заедница и побара повеќе да се стори за нејзините припадници.

XS
SM
MD
LG