Линкови за пристапност

Вооружено лице оставило три жртви близу еврејски центри


Полицијата го идентификува лицето како Фрејзер Глен Крос, бел расист со историја на дела на омраза

Властите во централната сојузна американска држава Канзас идентификуваа долгогодишен бел расист во убиството на три лица во близина на центар на еврејска заедница и еврејски пензионерски центар.

Фрејзер Глен Крос треба да се појави пред суд во понеделник по обвиненија за убиство со умисла.

Полицијата вели дека 73-годишниот Крос употребил пушка за убиство на човек и тинејџер на паркиралиштето на центарот во населба во Канзас Сити, Оверленд Парк, во Канзас. Тие велат дека тој потоа возел до блискиот пензионерски центар и убил жена пред да биде уапсен во основно училиште.

Шефот на полицијата Џон Даглас во неделата кажа дека властите не се подготвени да го наречат инцидентот криминал на омраза, зашто е премногу рано во истрагата.

Претседателот Барак Обама кажа дека пукањето било „ужасно“ и „тажно“ и изрази поддршка од негово и од име на неговата сопруга, Мишел, за семејствата на жртвите.

Во 1980-те, Крос предводел огранок на бели расисти на Кју Клукс Клан и друга група наречена Бела патриотска партија. Тој бил осуден на пет години затвор за закана со војна против Евреи, црнци, хомосексуалци и владини претставници.

Проминентна организација за цивилни права во САД, Southern Poverty Law Center, кажа дека претходно го тужела Крос заради „користење заплашувачки тактики против Африканските Американци“. Групата кажа дека двете страни постигнале спогодба неговата група да престане да оперира како паравоена организација, но дека тој го прекршил редот и бил осуден на шест месеци затвор заради омраза.

Крос го користел и името Глен Милер. Неколку пати, неуспешно, се обидел да дојде до до политичка функција.
XS
SM
MD
LG