Напаѓач отворил оган во средно училиште во Рокфорд, сојузната држава Вашингтон, при што загинало едно, а повредени се најмалку три лица, соопштија властите. Жртвата е идентификувана како ученик.
Вооруженото лице било приведено, а повредените се хоспитализирани и се наоѓаат вон животна опасност.
Гувернерот на Вашингтон Џеј Инсли, објави соопштение во кое кажа дека „мислите на жителите на сојузната држава се со жртвите и нивните семејства, и се благодарни на медицинскиот тим и училишниот персонал кој сторил се`, за останатите ученици да бидат на безбедно“.
Истрагата за мотивот на напаѓачот е во тек.
Facebook Forum