Линкови за пристапност

Истрагата продолжува, морнаричкиот објект отворен


Сите згради ќе бидат отворени, освен онаа со број 197 каде Арон Алексис во понеделникот уби 12 лица пред да биде застрелан.

Морнаричкиот комплекс во Вашингтон денеска продолжува со нормалните операции, додека се одвива истрагата за лицето кое го изведе понеделничкиот напад.

Сите згради ќе бидат отворени, освен онаа со број 197 каде Арон Алексис уби 12 лица пред да биде застрелан од полицијата.

Според Одделот за ветерани, поранешниот резервист во морнарицата посетил две владини болници само неколку недели пред инцидентот, жалејќи се на несоница. На Алексис му била препишана терапија, но на лекарите им кажал дека не се чувствувал депримирано и не покажал знаци за наклонетост кон насилство.

Истражителите подоцна обелоденија дека Алексис примил третман за нарушено ментално здравје.

Секретарот за одбрана Чак Хегел соопшти дека официјални лица ги пропуштиле, како што ги нарече, „црвени знаменца“ за минатото на Алексис, неговите насилнички пред и за време на неговата четиригодишна служба во морнарицата, што завршила во 2011-та. Хегел нареди ревизија на безбедносните мерки за сите американски воени објекти во светот.
XS
SM
MD
LG