Линкови за пристапност

Трамп: Ова беше акт на зло


Претседателот на САД Доналд Трамп се обрати пред нацијата по најсмртоносното масовоно убиство во историјата на САД, во кое загинаа најмалку 58 лица, а повредени се околу 500 други

Претседателот Трамп најави дека ќе го посети Лас Вегас во среда. Тој утринава преку Твитер испрати и изрази на сочувство за жртвите и нивните семејства.

Властите соопштија дека според досегашната истрага, 64-годишниот напаѓач Стивен Падок не бил поврзан со меѓународен тероризам.

Полицијата во Лас Вегас, Невада, претходно истакна дека лице синоќа отворило оган на концерт на кантри музика, при што загинале најмалку 58 лица, а повредени се околу 500 други. Ова важи за најсмртоносно пукање во толпа во американската историја.

Шерифот на градската полиција Џозеф Ломбардо, изјави дека напаѓачот бил на 32-от кат на казиното Мандалеј Беј, лоцирано на другата страна на улицата од местото на концерт којшто се одржувал на отворено. Видеото покажува како посетителите на настанот панично се обидуваат да најдат засолниште и се слушаат врисоци и бројни рунди на истрели од автоматско оружје.

Ломбардо кажа напаѓачот е мртов и идентификуван. Во неговата хотелска соба биле најдени голем број парчиња оружје, меѓу кои 10-тина пушки. Истрагата е во тек, но полицијата верува дека дејствувал сам и дека се претресува неговиот дом.

Властите воедно бараат и жена којашто живеела со него, за да добијат повеќе информации и според Ломбардо, таа во моментов се наоѓа во друга земја, но веќе била лоцирана.

Неколку полицајци кои не биле на должност, се меѓу убиените во нападот.

Аеродромот на Лас Вегас што се наоѓа во непосредна близина, бил привремено затворен за сообраќај. Кантри-ѕвездата Џејсон Алдин бил на сцената кога се случил нападот. Неколку часови подоцна тој го опиша настанот како „ужасен“. На социјалните мрежи реагираа и други уметници кои биле дел од изведувачите на „Рута 91 Харвест фестивалот“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG