Линкови за пристапност

Напаѓачот во средното училиште во Мериленд е мртов


Учениците и персоналот од училиштето „Греит Милс“, се евакуирани во околен центар

Локалните власти соопштија дека полицаец пукал во напаѓачот, по што бил хоспитализиран и потоа починал.

Надлежните, вклучувајќи го и ФБИ се на местото на настанот.

Властите додадоа дека учениците се евакуирани во центар во друго училиште во околината. Според нив, едната од двете други жртви е во критична состојба. Во моментов не е познат идентитетот, ниту мотивот на напаѓачот.

Гувернерот на Мериленд Лари Хоган, преку Твитер изјави дека неговиот тим е во постојан контакт со полицијата и ја следи ситуацијата.

Училиштето се наоѓа на 100-тина километри од Вашингтон.

Истрагата е во тек.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG