Линкови за пристапност

17 мртви, 16 повредени во училишниот масакр во Флорида


19-годишниот Николас Круз е обвинет по 17 основи за убиство со умисла

Властите во Јужна Флорида го обвинија 19-годишниот Николас Круз по 17 основи за убиство со умисла, во врска со најновиот масакр во средно училиште во Флорида, при кој беа убиени 17 лица, а повредени 16 други.

Полицијата го уапси Круз по нападот во училиштето Марџори Стонмен Даглас во Паркланд, Флорида, на околу 70 километри северно од Мајами.

Тој бил поранешен ученик во училиштето кој почнал да пука во зградата пред да се измеша со група ученици кои бегале.

Покрај 17 мртви, властите известија дека имало и повредени лица кои биле хоспитализирани.

Шерифот на општината Бравард, Скот Израел, на новинарите им кажа дека напаѓачот бил наоружан со пушка АР-15 и многу муниција и дека меѓу жртвите има деца и возрасни.

Истрагата за насилството продолжува.

Претседателот Доналд Трамп им понуди на властите во Флорида федерална помош, и на неговиот Твитер профил изрази сочуство за жртвите и нивните фамилии.

„Ниту едно дете, учител или кој било друг, треба да се чувствува небезбедно во училиште во Америка“, напиша Трамп.

Демократскиот сенатор Крис Марфи повика на конкретна акција за прашањето за поседување оружје, барајќи одговорност од Конгресот за убиствата во училиштата.

„Ако сте политички лидер и не преземате нешто во врска со овој масакр, вие сте соучесник“, додаде тој на Твитер.

Гувернерот на Флорида Рик Скот се сретна со жртвите и нивните фамилии, и осигура дека ќе се преземат мерки за да се спречи друг ваков настан во иднина.

Главниот правобранител на Флорида рече дека сојузната држава ќе ги покрие погребните трошоци на семејствата на убиените.

Федералното истражно биро (ФБИ) ја води истрагата, заедно со полицијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG