Дваесет и двегодишниот човек од Аризона осомничен за застрелување 20 лица додека се обидувал да застрела членка на Конгресот беше изведен на прво рочиште пред суд.
Џаред Лафнер влегол во судницата во Феникс под силно обезбедување. Со избричена глава и затворска униформа, тој на судот му кажа дека ги разбира своите права.
Неговото појавување пред суд доаѓа два дена по нападот во Тусан во кој беа убиени шест лица, а претставничката во американскиот Конгрес Габриел Гифордс од Аризона ја остави во критично повредена. Тој се соочува со обвинение по неколку основи – едно за обид на атентат, две за обид за убиство на службеник во федералната влада и две за обид за убиство на федерален службеник.
Тринаесет други беа ранети во нападот. Меѓу убиените е федерален судија, еден од соработниците на Гифордс и деветгодишно девојче.