Линкови за пристапност

Продолжува истрагата за вчерашниот вооружен напад во САД


Масовното убиство беше 15-то по ред во САД само оваа година, според статистиката објавена од Асошиејтед Прес

Полицијата ја продолжува истрагата за вооружениот напаѓач кој вчера уби девет лица во Калифорнија, пред да се самоубие.

Властите го идентификуваа како 57-годишниот Сем Касиди, кој работел во објектот на Управата за транспорт во Сан Хозе.

Официјалните лица се уште не идентификуваа мотив за пукањето ниту го објавија видот на пиштолот користен во нападот.

Касиди поседувал повеќе од еден пиштол, според окружниот правобранител на округот Jeеф Росен. Не се знае дали ги добил легално.

Во изјавата од Белата куќа вчрера, американскиот претседател Џо Бајден рече дека тој и потпретседателката Камала Харис биле информирани за престрелките.

„Имам должност повторно да наредам знамето да се спушти на половина копје, само неколку недели откако го сторив тоа по масовните пукања во бањите во и околу Атланта; во самопослугата во Болдер, Колорадо; во дом во Рок Хил, Јужна Каролина; и во објект на Федекс во Индијанаполис, Индијана. Доста е“, рече претседателот.

„Уште еднаш, го повикувам Конгресот да преземе итни мерки и да го послуша повикот на американскиот народ, вклучувајќи го и огромното мнозинство на сопственици на оружје, да помогне да се стави крај на оваа епидемија на оружје и насилство во Америка“.

Масовното убиство беше 15-то по ред во САД само оваа година, според статистиката објавена од Асошиејтед Прес.

Сан Хозе е град со околу еден милион жители, на околу 80 километри јужно од Сан Франциско. Се смета за срцето на Силиконската долина, глобален центар на технолошка иновација каде што се сместени некои од најголемите американски технолошки компании.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG