Линкови за пристапност

Шломи Елдар, експерт: Можеме да го победиме Хамас, но не можеме да ги елиминираме


Повеќе од три децении, израелскиот автор и режисер Шломи Елдар пишува за Хамас и Газа. Во своите книги и наградувани документарни филмови, тој се обиде да ги раскаже приказните за Палестинците од другата страна на ѕидот. Со него во Израел разговараше Наташа Мозговаја. 

„Го следев Хамас повеќе од 30 години. Никогаш не поверував дека Хамас ќе стане чудовиште. Многупати правев интервју со Исмаил Ханије, шефот на движењето Хамас. Во текот на годините запознав многу од лидерите на Хамас. Никогаш не поверував дека можат да направат нешто што ние би можеле да го споредиме со нацистите. Касапење, палење тела, деца, силувања, киднапирање деца“.

Така објаснува Шломи Елдар, израелски автор и режисер кој почна да известува за Газа во 1991 година.

Елдар вели дека Хамас е избран во 2006 година, делумно како одговор на корумпираната палестинска управа и поради работата на Хамас за благосостојба со луѓето во Појасот Газа. Тој вели дека Хамас оттогаш ги занемарил своите одговорности кон народот, и наместо да ги користи ресурсите за народот, Хамас се одлучил за насилство.

Шломи Елдар, автор кој 30 години го истражува Хамас
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:20 0:00

„Тие ги вратија Палестинците 20 или 25 години наназад, па дури и повеќе. По оваа војна, не знам што ќе се случува со Газа. Сега слушнав дека народот во Газа, се прашува: „Што Хамас прави за нас. Што ни направивте. Прв пат, мислам дека препознав еден вид негодување против движењето Хамас“, вели Елдар.

Тој смета дека исклучителната суровост за нападот на 7 октомври настанала преку комбинација на фактори. Еден од нив е Јахја Синвар, лидерот на Хамас во Газа.

„Тој беше ослободен во 2011 година со размена на затвореници на Гилад Шалит, а Израел го ослободи во Газа. Тој е суров човек. Слушнав многу, многу приказни, бидејќи никој не знае ништо за него“, вели Елдар.

Вториот фактор, вели тој, е образованието.

„Новата генерација, младите - тие се родени или беа деца кога Хамас ја презеде власта во Појасот Газа по воениот удар. Можеби биле деца, пет, шест или 10 години и постојано растеле со подбуцнувања. Тие биле учени дека Израелците не се луѓе“, смета Елдар.

Израел го прогласи „крајот на Хамас“ како главна цел на својата воена кампања во Газа.

„Можеме да го победиме Хамас. Но, не можеме да ги елиминираме. Мислам дека Хамас, тоа е идеолошко движење што не можете да го уништите“, укажува Елдар.

Елдар вели дека познава и Палестинци во Газа кои тагуваат поради загубата на можноста за палестинска држава и мирен соживот со Израел.

„Имам пријател во Појасот Газа и му се јавувам секој ден. Тој сега е во Рафах, се крие од војната. Ми рече: 'Ја напуштив мојата куќа во бегалскиот камп Џабалија и плачев. Не плачев затоа што ја напуштив мојата куќа, туку затоа што мојот сон е скршен. Имавме сон да изградиме држава, соживот со Израелците... Сега дојде Хамас и уништи сè'.“, раскажа Елдар.

Тој вели дека обновувањето на Газа може да потрае со децении - и не е сигурен дали границата со Израел некогаш повторно ќе се отвори.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG