Линкови за пристапност

Патниците од бродот заглавен на Антарктикот спасени


По една недела неуспешни обиди, во четврток сите 52-ца патници се воздушно пренесени на безбедно.

Сите 52 патници на рускиот истражувачки брод заглавен во мраз повеќе од една недела на Антарктикот беа воздушно пренесени на безбедно во четвртокот, откако спасувачки хеликоптер конечно беше во состојба да слета во близината.

Австралиските власти за поморска безбедност кажаa дека патниците биле евакуирани од Академик Шокалскиј, кој беше заглавен од денот пред Божиќ.

Крис Турни, еден од научниците на бродот испрати порака на Твитер велејќи дека патниците стигнале до австралискиот кршач на мраз во близина „здрави и безбедни.“

Патниците, вклучувајќи научници, туристи и новинари беа пренесени по 12 наеднаш до австралискиот брод, кој сега тргнува на патување што ќе трае со недели пред да стигне до копно.

Лоши временски услови ги спречија претходните обиди за евакуирање на патниците со хеликоптер. Кршачи на мраз од Кина, Австралија и Франција исто така не успеаа да стигнат до рускиот брод.
XS
SM
MD
LG