Линкови за пристапност

Шест министри на владата на Перу поднесоа оставки


Оставките доаѓаат неколку дена откако полицијата упадна во домот и канцеларијата на Буларте.
Оставките доаѓаат неколку дена откако полицијата упадна во домот и канцеларијата на Буларте.

Јужноамериканската нација Перу е зафатена од уште една политичка криза, откако шестмина членови на кабинетот на претседателката Дина Буларте ненадејно поднесоа оставки во понеделникот по полицискиот упад во нејзиниот дом.

Буларте е под истрага за наводно набавка на сет луксузни часовници без да ги открие како дел од нејзиниот имот. Полицијата упадна во домот и канцеларијата на претседателката минатиот петок за да ги бара луксузните часовници. Буларте негираше дека незаконски ги набавила часовниците.

Министерот за внатрешни работи Виктор Торес беше првиот што поднесе оставка во понеделникот, а потоа и министрите за образование и женски прашања. Министрите за производство, надворешна трговија и за земјоделство се повлекоа неколку часа подоцна. Портфолиото на Торес вклучуваше надгледување на националната полиција, која ја спроведе рацијата во домот и канцеларијата на Буларте.

Хаосот доаѓа пред парламентарното гласање за одобрување на изборот на Боларте за премиер. Асошиетед прес објави дека пратениците доставиле резолуција за нејзино отстранување од функцијата поради „трајна морална неспособност“.

Боларте е поранешна потпретседателка која се искачи на највисокото место во декември 2022 година, откако поранешниот претседател Педро Кастиљо беше принуден од функцијата и уапсен поради обвинувања за корупција и бунт. Таа е шестиот претседател на Перу во последните шест години.

Некои информации за овој извештај дојдоа од Асошиетед прес, Ројтерс и агенцијата Франс прес.

XS
SM
MD
LG