Линкови за пристапност

Американско засолниште за преживување


Еден човек е решен да изгради најголемо приватно подземно засолниште.

Американската влада одржува серија бункери длабоко под земја. Нивната намена е главно да го заштитат претседателот и врвните претставници на американската влада од катастрофален инцидент. Но еден човек е на мисија да спаси цивили со градење на големо приватно финансирано подземно засолниште. Но дали е тоа реалистично?

Роберт Вицино верува дека е.

Тој е спиритуален човек кој мисли дека луѓето живеат во „завршни времиња“ и гледа сценарио што може да води до Армагедон: нуклеарен или терористички напад, соларен пожар, залутан метеор, голем недостиг на струја, светски цунами или супервулкан.

Да спаси животи, неговата компанија Вивос гради – како што вели – најголемо приватно подземно засолниште за преживување. Објектот ќе може да прими до 5.000 луѓе и ќе вклучи простор од од 686.000 квадратни метри, колку што е Емпајар стејт билдинг во Њујорк, која некогаш беше највисока градба во светот.

Вицино, кој има педесетина години, почувствувал дека треба да изгради засолниште уште пред 30 години. Тој е убеден дека „клучниот збор доаѓа, но прашање е од каде и што“. Не знаел тогаш, не знае ни сега.

Скептиците велат дека катастрофите што Вицино ги замислува никогаш нема да се случат. Тој мисли поинаку.

„Сите тие работи може да се случат во секој момент“, вели Вицино. „За оние кои велат дека такво нешто не може да се случи во текот на нашиот живот, јас велам дека игнорирање на реалноста нема да ве заштити“.

Засолништето треба да биде лоцирано во градот Ачисон, во сојузната држава Канзас, каде што некогаш бил објект на американската армија за складирање на оружје. Тоа е поставено на 40 метри под планина од варовник.

Вицино вели, кога ќе биде завршено засолништето ќе има врати што може да издржат експлозија од 20-мегатони од растојание на радиус од осум километри.

Тоа ќе може да прими 1.500 рекреациони возила, и вода и храна за една година по лице. Само членовите кои ќе платат еднаш 20.000 долари, ќе можат да го користат. Секој од светот може да се приклучи.

Пол Сејфрид е на советодавниот борд на Американската асоцијација за граѓанска одбрана, што прави подготовки за катастрофи од секаков вид. Тој го поставува прашањето за некои логистички детали на засолништето.

„Единствената резервација што ја имам е кој ќе раководи со спроведувањето на законот и кога ќе имате толку многу луѓе и возила на едно место, како ќе се справите со загадувањето од јаглероден моноксид и издувните гасови“, вели Сејфрид. „Ќе има многу генератори. Како ќе управувате со енергијата, со луѓето од различно потекло, и различни количини на храна и друга поддршка. Се обидувам да ги замислам сите проблеми што може да се појават“.

Освен тоа, како толку многу луѓе ќе дојдат во засолништето на време да ја избегнат катастрофата?

Клучот, вели Вицино, е колку време ќе има од најавата до инцидентот. Сејфрид се потсмеваше на тоа, велејќи дека на пример, потребно е 15 минути подолго за руски проектил да стигне до Ачисон отколку Швајцарија.

А тука е и описот на Вивос на засолништето како „одмаралиште“ и „крајна дестинација за одмор за семејството и пријателите“.

Вицино кажа дека членовите се слободни да уживаат во активностите над и под земја, како стрелање со лак и стрела, и обука за источни боречки вештини. Се` додека не се случи несреќа, областа ќе личи на „Дизниленд“ во вид на извиднички камп.

Џеки Прегонт е претседателка на Трговската комора на Ачинсон. За неа, засолништето е економска авантура што ќе привлече туристи и ќе ја стимулира економијата на градот. Таа исто така верува дека тоа ќе биде безбедно место ако се случи апокалиптички инцидент.

„Во разговори што ги имав со Роберт, видов дека и тој на тоа така гледа“, вели Прегонт. „Мислам дека луѓето ќе го прифатат тоа од неколку причини, и јас мислам дека ќе доаѓаат овде и ќе минат тука некое време, не само во чекање на катастрофа“.

Можеби 5.000 луѓе во засолништето во Канзас ќе можат да преживеат таков инцидент. Тоа е целта на Роберт Вицино.
XS
SM
MD
LG